29 април 2025
• од Вардарски
Додека родителите на трагично загинатите млади од Кочани стоеја пред Собранието, држејќи фотографии на своите деца и борејќи се со непомирлива болка, само неколкумина пратеници имаа храброст да излезат и да ги погледнат в очи.
Од целиот политички естаблишмент, само пратеници на СДСМ и Левица се појавија пред родителите. Најголемата парламентарна партија и дел од актуелната власт – ВМРО-ДПМНЕ – остана зад ѕидовите на институциите, молчејќи пред повиците:
„Излезете, имате ли совест? Имате ли деца?“
Меѓу првите што се соочи со родителите беше Борислав Крмов од Левица, кој побара тие да бидат примени во Собранието, подвлекувајќи дека „секој чесен нема од што да се плаши“. Но, претседателот на Собранието, Африм Гаши, го одби барањето, повикувајќи се на потребата за претходна организација.
По Крмов, пред родителите излегоа и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, заедно со неколку пратенички. Филипче јавно изјави дека нивното присуство не е за политичка корист, туку искрено за поддршка кон семејствата на жртвите. Неговиот настап беше поздравен со аплауз од дел од присутните.
Во контраст со ова, ВМРО-ДПМНЕ, партија која беше најгласно прозивана од родителите, остана без претставник на лице место. Иако советничката на партијата во Кочани веќе даде оставка, прашањето што доминираше меѓу присутните беше: има ли барем еден што ќе се појави пред народот? Одговорот беше разочарувачки јасен – немаше никој.
Родителите директно ги обвинија поединечни претставници на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот Лефков беше посочен како човек кој се сликал со донации, но не нашол време да се појави ни по 40 дена од трагедијата. Министертот за внатрешни работи, Панче Тошковски, иако лично не присуствуваше, стана цел на гневни повици од граѓаните:
„Срам да ви е!“, „Тошковски, ти си најодговорен!“, „Лажеше за криминалите, уапси ли некого?“, беа дел од обвинувањата упатени кон него.
На крајот, по силниот притисок, родителите добија покана за средба со министерот Тошковски во просториите на МВР. Но впечатокот остана: додека родителите страдаа на улиците, политиката се сокри зад институционални процедури. И само мал број храбри гласови најдоа сила да се појават и да застанат пред народот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

