04 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Новинарот Саше Ивановски, познат како Саше Политико, во подкастот Почетна пресметка изнесе став дека актуелната власт има исправен пристап по прашањето на минималната плата, додека опозицискиот СДСМ, според него, е „во офсајд“.
Ивановски посочи дека ја разбира позицијата на СДСМ како левичарска партија која, според него, мора да ја следи својата идеолошка матрица и да соработува со синдикатите. Тој оцени дека таквиот пристап е повеќе идеолошки, отколку реално економски оправдан.
Во своето излагање, Саше Политико нагласи дека пазарот треба да биде клучниот механизам што ја одредува висината на платите. Според него, работник кој е продуктивен, одговорен и ја извршува работата квалитетно, нема потреба од штрајкови или притисоци за да добие повисока плата.
„Ако вредиш, ако работиш добро и си ја завршуваш работата, работодавачот ќе те моли да останеш и ќе ти понуди повисоки пари“, истакна тој, додавајќи дека зголемувањето на платите треба да произлегува од индивидуалната вредност на работникот, а не од колективен притисок.
Ивановски јасно стави до знаење дека идеолошки не се согласува со концептот на законски утврдена минимална плата која редовно би се зголемувала. Според него, ваквиот модел создава погрешна динамика во односот меѓу работникот и работодавачот и ја потиснува пазарната логика.
Со овие ставови, новинарот отвори поширока дискусија за улогата на државата во регулирањето на платите, позицијата на синдикатите и идеолошките разлики меѓу власта и опозицијата околу економските политики.
СДСМ со критики до Владата за руските и кинеските влијанија по говорот на Руте
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

