24 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) побара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за, како што наведуваат, огромните финансиски загуби во АД ЕСМ, кои, според нивните проценки, ќе надминат 100 милиони евра до крајот на 2025 година.
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека јавноста има право да знае кој ќе понесе одговорност за ваквите загуби и кој профитира од увозот на скапа електрична енергија.
„Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра? Кој профитира од увозот на струја? Зошто навреме не биле обезбедени енергенси, како мазутот? Кој заработува додека народот плаќа?“, праша Димитријевиќ, потенцирајќи дека работењето на ЕСМ резултирало со сериозни финансиски последици.
Според него, само во првите два квартали од 2025 година, загубите на компанијата изнесуваат 77 милиони евра, а проекциите укажуваат дека до крајот на годината тие ќе ја надминат бројката од 100 милиони евра.
Димитријевиќ истакна дека причините за ваквата состојба се директно поврзани со начинот на управување со енергетскиот сектор и дека актуелната Влада ја довела ЕСМ до финансиски и производствен колапс.
„За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Не се произведува доволно струја дома, туку се увезува скапа струја од странство“, нагласи тој.
Дополнително, Димитријевиќ посочи дека ваквите политики директно ги оштетуваат државата и граѓаните.
„Наместо струја произведена дома, која чини од 80 до 90 евра за мегават-час, Владата купува струја по цена од 140 евра за мегават-час. Затоа СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да се утврди одговорност за овие над 100 милиони евра загуби“, заклучи Димитријевиќ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

