12 април 2025
• од Вардарски
СДСМ остро реагира на трагичниот случај на Клиниката за кардиохирургија, каде пациент со пукната аорта починал без да добие навремена интервенција. Партијата бара итна и темелна истрага и утврдување на одговорност за овој, како што го нарекуваат, сериозен здравствен и морален скандал.
Според СДСМ, постојат сериозни индикации дека операционите сали на клиниката не функционирале во критичен момент, што довело до тоа пациентот да не биде опериран, и покрај итноста на неговата состојба.
„Зошто пациент со пукната аорта, состојба која бара моментална хируршка интервенција, не добил соодветен третман? Зошто бил вратен, додека неговиот живот висел на конец?“ – прашуваат од СДСМ, апелирајќи до надлежните институции да не дозволат овој случај да остане без одговор.
Партијата ја обвинува актуелната власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот за здравство Фатмир Таравари, за хаос, системска немарност и недостиг на одговорност во здравствениот систем.
„На Онкологија нема лекови, по клиниките умираат пациенти, а здравствениот систем е во распад. Ова не е само прашање на стручност – ова е прашање на човечност и совест,“ се вели во соопштението.
СДСМ порачува дека човечки животи не смеат да бидат изгубени поради нефункционалност на институциите и бара јасен одговор – кој ќе одговара за изгубениот живот на пациентот на Кардиохирургија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

