24 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Скандалот околу приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас и реакциите на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, повторно го отворија прашањето за безбедносните пропусти при организирање на масовни настани. Според СДСМ, информациите кои досега излегоа во јавност укажуваат дека на концертот присуствувале над 700 гости, иако просторот, согласно законот, можел да прими максимум 200 лица.
Поради тоа, од партијата сметаат дека е очигледно дека и МВР под водство на Тошковски, и општината на Јанчев биле информирани за концертот, дека знаеле дека не се исполнети минималните безбедносни услови, но сепак дозволиле настанот да се одржи. Концертот бил прекинат дури во текот на вечерта, откако просторот со часови бил преполн.
Во нивното партиско соопштение, пренесено од МИА, СДСМ поставува повеќе прашања за пропустите:
Согласно информациите кои ги поседува СДСМ, концертот бил прекинат од полицијата дури по полноќ, во 00:10 часот, кога локалот веќе подолго време бил преполн со гости.
Од СДСМ бараат веднаш да се отвори истрага и да се утврди одговорност кај сите инволвирани – од органите на МВР кои, како што се наведува, „не презеле ништо“, до организаторите на настанот.
Партијата ги повикува министерот Тошковски и градоначалникот Јанчев итно и јавно да одговорат зошто е дозволен ваков пропуст и да понесат одговорност за, како што велат, загрозување на безбедноста на граѓаните.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

