27 март 2025
• од Гоце Кически
СДСМ денеска јавно побара од Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, и да му побара оставка.
„Градоначалникот на ДПМНЕ од Гази Баба, Бобан Стефковски, е осудено лице за дилање дрога. Бране Петрушевски прво што треба да направи е да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот на ДПМНЕ во Гази Баба, да му ја однесе и јавно да побара оставка од него,“ се вели во изјавата на СДСМ.
Партијата потсети и на неколку други случаи поврзани со членови на ВМРО-ДПМНЕ кои биле инволвирани во случаи со дрога. „Јавноста знае дека со дрога беше фатен и истакнат член на ДПМНЕ од Пештани. Мицкоски го гледавме на слики како седи на иста маса со лице од Грчец уапсено за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра,“ додаваат од СДСМ.
СДСМ ја спореди реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ со својот пристап, истакнувајќи дека нивниот член Јон Фрчкоски поднел оставка и се повлекол од функцијата, за разлика од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.
„ДПМНЕ и Петрушевски се последните кои можат да ја прозиваат СДСМ,“ заклучуваат од опозициската партија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

