26 март 2025
• од Гоце Кически
Мартин Костовски, изјави дека партијата целосно ги поддржува барањата на граѓанското движење „Кој е следен“. Според него, барањата на иницијативата се легитимни, праведни и неопходни за напредокот на општеството.
„СДСМ ги слуша, ги разбира и целосно ги поддржува барањата на граѓанското движење. Ова не се само нивни барања, туку и барања на целото општество. Гласовите на младите, кои со право бараат одговорност, не смеат да останат игнорирани,“ изјави Костовски.
Тој потенцираше дека е време за целосна и неселективна одговорност од сите институции и поединци кои со своето (не)делување придонеле до трагични настани. „Без селекција и без калкулации, време е да се воспостави ред и доверба во институциите,“ додаде тој.
Костовски изрази уверување дека Владата и Јавното обвинителство ќе покажат доблест и ќе ги прифатат барањата на иницијативата, истакнувајќи ја важноста на протестите на илјадниците млади кои маршираа низ улиците.
Граѓанското движење „Кој е следен“ продолжува со својата борба за правда, повикувајќи на системски промени и одговорност за сите кои се вмешани во неодамнешните трагични настани кои ја потресоа државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

