25 април 2025
• од Вардарски
Со остро соопштение до јавноста, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) обвини дека актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е „најнеспособната и најхаотичната“ во историјата на Македонија. Од СДСМ посочуваат дека додека владините коалициски партнери се занимаваат со внатрешни пресметки и политички кавги, институциите во земјата се распаѓаат, а системот е пред колапс.
„Владата функционира како неорганизиран картел – повеќе фокусирана на тоа кој ќе земе повеќе, отколку на тоа како да се решат проблемите на народот“, се наведува во соопштението.
Според СДСМ, граѓаните секојдневно се соочуваат со последиците од нефункционалната власт: наместо работа – партиски препукувања, наместо резултати – скандали, а наместо вистински политики – борби за тендери и функции.
Партијата алармира дека клучните сектори се во распаѓање – здравството е во колапс, економијата во слободен пад, а инфраструктурните проекти се во застој. Дополнително, илјадници вработени во јавниот сектор останале без плата, додека реални проекти и конкретни мерки во корист на граѓаните воопшто не постојат.
„Наместо парите да одат кај работниците за повисоки плати, тие се трошат за луксуз: егзотични овошја, скапи хотели, приватни авиони и патувања кои личат на туристички тури“, стои во реакцијата од СДСМ.
Од опозициската партија порачуваат дека ова не е влада што работи за граѓаните, туку „организиран хаос на штета на државата“. СДСМ оценува дека владата нема капацитет, нема план, ниту визија, и дека сè што гледаат граѓаните се кавги, скандали и неспособност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

