22 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
По пожарот кој неодамна избувна во Трубарево, повеќе од половина милион жители на Скопје и околината биле оставени да дишат токсичен воздух, обвинуваат од СДСМ. Според нивното соопштение, во атмосферата се измерени концентрации на олово, арсен и кадмиум дури 12 пати над дозволените граници.
Од СДСМ тврдат дека институциите не само што не реагирале навреме, туку и ги убедувале граѓаните дека опасност нема. Наместо да преземат итни мерки, препораки и евакуација, властите, како што велат од партијата, „не мрднале со прст“.
„Власта свесно го загрози здравјето и животот на луѓето“, стои во партиското соопштение.
Социјалдемократите прашуваат кој ќе ја понесе одговорноста што граѓаните биле оставени без никакво предупредување и биле изложени на штетни материи. Од таму бараат итна истрага од Јавното обвинителство и покренување кривична одговорност против сите службени лица кои, со своето непостапување, дозволиле да се загрози животот и здравјето на населението.
Исто така, се бараат оставки од министерот за внатрешни работи, министерот за здравство и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.
СДСМ ја нарекува актуелната власт „најкукавичка и најнеодговорна“ досега, обвинувајќи ја дека наместо да се соочи со кризите, калкулира, минимизира и со лаги се обидува да го спаси сопствениот рејтинг, додека граѓаните ја плаќаат цената со своето здравје.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

