05 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Опозициската СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски ја манипулира јавноста со прикажување на лажна слика за економијата, иако реалните показатели покажуваат дека државата се соочува со пад.
Од СДСМ посочуваат дека со инфлација од 4,8% и стапка на раст на БДП од 3,4%, реалниот раст на економијата е негативен, односно изнесува -1,4%. „Тоа значи дека реалната економија оди надолу, а граѓаните секојдневно тонеат во сиромаштија“, се наведува во соопштението.
Социјалдемократите нагласуваат дека Македонија е многу далеку од тоа да биде „четврта економија во Европа“, како што Мицкоски сака да прикаже. „Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб, а таму реалноста е сурова – повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот“, велат од партијата.
Според нив, БДП по жител, мерен според куповната моќ, изнесува само 42% од просекот на Европската Унија. За споредба, Србија има 51%, а Црна Гора 53%, што ја остава Македонија на дното во регионот.
Дополнително, СДСМ алармира дека странските директни инвестиции се преполовени – од 573 милиони евра минатата година, сега се намалени на 221 милион евра.
„Ова се реалните катастрофални резултати на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните секој ден гледаат дека животот е сè потежок, а Македонија економски назадува“, завршува соопштението на СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

