22 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во пресрет на претстојните локални избори, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро реагираше на најавите на премиерот Христијан Мицкоски за воведување „владини повереници“.
СДСМ смета дека таквите изјави претставуваат директен удар врз Уставот и граѓанската волја. Од партијата нагласуваат дека ова е дрзок обид за узурпација на власта и суспендирање на законите, изборниот процес и демократските принципи.
„Како планира Мицкоски да ја суспендира Државната изборна комисија и да ги преземе нејзините законски надлежности?“, прашуваат од СДСМ, потсетувајќи дека ДИК е единствениот орган овластен за спроведување на изборите, кои веќе се распишани и се одвиваат според Изборниот законик.
Партијата ја отфрла тезата на премиерот за „збунувачки“ гласачки ливчиња поради големиот број независни кандидати, оценувајќи ја како апсурдна. Потсетуваат дека и на претходните избори имало повеќе независни кандидати и листи, но тоа не било пречка за спроведување на изборниот процес.
„Зошто токму сега му пречи демократската слобода на граѓаните да се кандидираат и да го дадат својот глас?“, велат од СДСМ.
Според социјалдемократите, зад ваквите изјави стои паника поради сериозниот пад на довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ.
„Во Македонија мора да има слободни, фер и демократски избори на кои граѓаните ќе ја изразат својата волја“, стои во реакцијата на СДСМ.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден