16 мај 2025
• од Вардарски
Во услови на економска несигурност и се поголем социјален јаз, изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за наводни економски успеси звучат како излитени фрази, отуѓени од секојдневната македонска реалност. Тврдењата дека цените се намалуваат, инфлацијата е под контрола и дека Македонија е „прва во Европа“ по економски параметри, се во директен судир со животот кој секојдневно го живеат граѓаните.
Наспроти оптимизмот од говорницата, реалноста е сосема поинаква: цените на основните прехранбени продукти и услуги растат, платите стагнираат, а стандардот на живот опаѓа. Се повеќе семејства се принудени да се откажат од основни потреби само за да го издржат месецот. Тоа е сликата на економска стагнација, не на развој.
Светска банка предупредува дека Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст, со проекција од само 2,7% раст на БДП во 2025 година. Кога на тоа ќе се додаде и инфлацијата, која е околу 3%, станува јасно дека вистински економски раст всушност нема – економијата тапка во место.
Наместо да се занимава со „веселени математики“ и статистики што не ја рефлектираат реалноста, Мицкоски треба да се фокусира на решавање на реалните проблеми: ниските плати, недостапноста на здравствени и социјални услуги, ценовниот шок и демотивацијата кај младите.
Политиките на актуелната влада досега не резултираа со подобрување на животниот стандард. Напротив – економската несигурност расте, а социјалната неправда станува сѐ поизразена. Македонија има потреба од одговорно лидерство кое нема да се крие зад лажна слика, туку ќе се соочи со предизвиците што ги мачат граѓаните.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

