30 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Страшни податоци и докази обелоденија медиумите за начинот на кој бил спречуван правдата во случајот „Пулс“. Најзагрижувачки, велат од СДСМ, е фактот што сè она што јавноста го знаеше и во што се сомневаше, сега се потврдува како вистина.
Според соопштението на СДСМ, кое го пренесува МИА, функционери на ВМРО-ДПМНЕ директно го штителе сопственикот на „Пулс“, иако тој постапувал спротивно на сите стандарди. Ова, велат, е доказ дека уште од самиот почеток ВМРО-ДПМНЕ свесно ја попречувала правдата, штитела свои началници и ги манипулирала граѓаните.
„ВМРО-ДПМНЕ е нечовечна партија, подготвена да гази по сопствениот народ кој ѝ ја дал довербата, само за да се избегне одговорност,“ стои во реакцијата на СДСМ.
Партијата потсетува дека покрај „Пулс“, потврдени се и тврдењата дека Росица лично побарала помош од министерот Тошковски, кој, според блиски нејзини пријатели, ја игнорирал. По овие наводи, велат од СДСМ, министерот се скрил и повеќе не се појавува во јавноста.
Од СДСМ нагласуваат дека овие случаи ја покажуваат суштината на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ – дека со оваа партија не само што нема правда, туку секоја нова трагедија ќе биде криена од јавноста, а граѓаните ќе бидат манипулирани преку партискиот пропаганден центар во Белата палата.
„Тоа веќе не може да се сокрие, а граѓаните масовно ќе ја казнат ВМРО-ДПМНЕ на изборите,“ порачуваат од СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

