26 мај 2025
• од Вардарски
Скандал ја потресе јавноста откако СДСМ обвини дека Министерството за внатрешни работи доделило тендер вреден 4 милиони евра на фирма без никакво искуство, која била основана само 20 дена пред распишувањето на тендерот.
Опозициската партија го обвинува министерот Панче Тошковски за директна вмешаност во, како што велат, „огромна корупциска шема“. Според СДСМ, Тошковски признал дека постои тендерот, но избегнува да одговори на суштинските прашања и се крие од јавноста.
„Како е можно фирма што до неодамна не постоела, да ги исполни сите строги услови и да достави мостри за квалитет? Кој ѝ ги кажал условите однапред?“, прашува СДСМ во своето соопштение, посочувајќи дека сето ова укажува на можен случај на наместен тендер.
Министерот Тошковски, според социјалдемократите, се повикува на „квалитетот на понудата“ како оправдување за доделувањето на тендерот, но од СДСМ прашуваат како може да се процени квалитет на фирма без искуство, капацитет или историја на работење.
„Или можеби се работи за квалитетни врски и провизии за Тошковски и ДПМНЕ?“ — стои во соопштението.
СДСМ бара итна реакција од Јавното обвинителство, распит на сите вклучени во процесот, како и испитување на можни кривични дела, меѓу кои: злоупотреба на службена положба, местење тендер и перење пари. Исто така, партијата бара поништување на целиот тендер.
„Овој скандал е на Тошковски. Тој не може да избега од одговорност. Народот гледа“, порачуваат од СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

