27 април 2025
• од Вардарски
СДСМ денеска излезе со реакција обвинувајќи ја Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека повторно ангажирала „омилена“ агенција за испитување на јавното мислење – Маркет Вижн, и тоа за рекордна сума од 400.000 евра.
Според соопштението, Маркет Вижн, која била активно ангажирана и за време на владеењето на Никола Груевски, повторно добива државни средства за спроведување анкети кои, како што велат од СДСМ, имаат единствена цел – манипулација на јавноста и создавање на лажна слика за задоволство од работата на Владата.
„Зар некој треба да верува во вакви анкети, чија единствена цел е ширење на пропагандата на ДПМНЕ?“ прашуваат од СДСМ, додавајќи дека со овие тактики повторно се враќа старата пракса на демотивирање на граѓаните да бараат промени.
Од СДСМ предупредуваат дека ваквите стратегии, препознатливи уште од времето на Груевски, се одамна разобличени од страна на јавноста и нема да успеат да ја сокријат реалната потреба за промени.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

