30 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска реагираше со соопштение во кое обвинува дека во општина Чаир се изградени над 150 дивоградби без дозволи и без основни безбедносни стандарди, а надлежните институции не преземаат никакви мерки.
Од СДСМ посочуваат дека станува збор за „незаконска градба со сомнителни приклучоци во мрежата на ЕВН“, а притоа го обвинија Министерството за внатрешни работи, предводено од Панче Тошковски, за неактивност и толеранција кон, како што велат, „урбаната мафија“.
„Во исто време, во Македонска Каменица, МВР поднесе кривична пријава против граѓанин кој го реновирал сопствениот покрив, додека за над 150 дивоградби во Чаир нема никаква реакција. Тоа е жив доказ за селективна правда“, стои во соопштението на СДСМ.
Социјалдемократите прашуваат зошто премиерот Христијан Мицкоски молчи по ова прашање и обвинуваат дека тој „коленичи“ пред коалицискиот партнер ВЛЕН, за кој, според СДСМ, постои сомневање дека е поврзан со урбаната мафија.
„Дали и самиот Мицкоски е влезен во криминалната шема?“ прашуваат од партијата, додавајќи дека бараат итна истрага и одговорност за сите вклучени, без разлика на нивната политичка припадност или функција.
„СДСМ ќе продолжи да се бори за правда и за правна држава во која законот важи за сите“, се вели на крајот од партиското соопштение.