24 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) со реакција на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека наместо да презентира резултати од својата работа, посегнува по измислени сценарија и поделби во пресрет на локалните избори.
Од СДСМ велат дека ако Мицкоски имал реални успеси после четири години локална власт и една година на чело на централната власт, денеска ќе зборувал за нив и ќе ги претставел како отчет пред граѓаните. Наместо тоа, според социјалдемократите, тој се служи со „измислени конструкции околу локалните избори“.
„Со истата стара реторика на поделби по политичка и етничка линија, Мицкоски повторно се обидува да ја излаже јавноста, исто како пред парламентарните избори во 2024 година“, велат од СДСМ.
Во соопштението се нагласува дека ваквиот настап повеќе не поминува кај граѓаните, бидејќи тие, според партијата, веќе не веруваат во „лажни сценарија и манипулации“.
„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се прочитана книга и граѓаните нема да подлегнат на истите лаги и манипулации“, се наведува во реакцијата.
Од СДСМ тврдат дека ваквите изјави на премиерот само потврдуваат дека власта е во паника поради падот на поддршката, како и поради стравот дека незадоволството на граѓаните ќе се одрази врз резултатите на локалните избори.
„Логично е прашањето: дали токму Мицкоски е тој што подготвува хаос на изборите?“, завршуваат социјалдемократите во својата реакција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

