03 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагираше на последните обвинувања на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, нарекувајќи ги „лажни и манипулативни“. Од СДСМ порачаа дека вистината е сосема поинаква – половина од министрите во владата на Христијан Мицкоски поседуваат бугарски пасоши и се поврзани со бизнис интереси во Бугарија.
Во реакцијата на партијата се наведува дека повеќе високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ водат фирми во Бугарија и склучуваат зделки за лична корист, додека граѓаните ги оставаат во сиромаштија.
„Да потсетиме, фотографии од ручеци и средби со бугарскиот олигарх Волканов има Христијан Мицкоски, нема Венко Филипче. Токму Волканов, кој ја загадува Крива Река, е пријател на Мицкоски, не на СДСМ. Токму во неговите фирми директори се функционери на ВМРО-ДПМНЕ,“ наведуваат од СДСМ.
Според партијата, токму овие врски го покажуваат вистинскиот интерес на ВМРО-ДПМНЕ – лични бизнис зделки наместо државни интереси.
„СДСМ се бори за државата, а ВМРО-ДПМНЕ за своите бизнис интереси. Тоа е големата разлика,“ стои во нивната реакција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

