15 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Опозициската партија СДСМ денеска со соопштение за јавност реагираше на одлуката на Соединетите Американски Држави да ја суспендира обработката на визи за граѓаните на Северба Македонија.
Од СДСМ велат дека Северна Македонија е опфатена со истата мерка како уште околу 75 држави во светот, меѓу кои, според нив, се и Сомалија, Сирија, Иран и Русија. Според опозицијата, ова е уште еден показател за, како што наведуваат, лошата надворешна политика на актуелната власт.
„Минатата година САД ги зголемија царините за Македонија, а сега, од 21 јануари, се суспендира и обработката на визи за македонските државјани“, се наведува во соопштението.
СДСМ директно го посочува премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека со неговите политики ја довел Македонија во, како што велат, ист ранг со земји со сериозни безбедносни и политички проблеми.
„Толку е периметарот на Мицкоски – ја доведе Македонија во ранг со Сомалија“, порачуваат од опозициската партија.
Левица: Пратениците повторно испумпале 14,4 милиони денари за патни трошоци
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

