12 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Со гласањето против предлог-законот за изменување на Законот за вино, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска, според Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, директно застанале против интересите на лозарите.
Предлог-законот, поднесен од пратеничката група на СДСМ, предвидуваше да се стави на дневен ред по скратена постапка и да се обезбеди дополнителна финансиска поддршка за лозарите од 3 денари по килограм грозје. Исто така, со законот требаше да се укине одредбата која овозможува 8% намалување на откупната цена.
„Ова е срамен и нечовечки однос кон 11.000 семејства кои егзистираат од лозарството“, стои во соопштението на СДСМ.
СДСМ објаснува дека законското решение било предложено по иницијатива на претседателот Венко Филипче и по барање на самите лозари, како одговор на нивните реални потреби во услови на ниски откупни цени и зголемени трошоци за производство.
Наместо директна поддршка за лозарите, според партијата, власта обезбедила субвенции од 2 денари по килограм грозје за винариите, оставајќи ги лозарите без посакуваната финансиска помош.
„СДСМ и претседателот Венко Филипче остануваат на страната на лозарите. Ќе продолжиме да се бориме за нивните права, за фер услови и поддршка за секој лозар,“ порачуваат од партијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден