15 мај 2025
• од Вардарски
Во момент кога човечноста, солидарноста и одговорноста треба да бидат над сѐ, одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не дозволат Законот за финансиска поддршка на семејствата на загинатите и повредените од трагедијата во Кочани да се најде на дневен ред во Собранието е длабоко разочарувачка.
Овој закон, предложен од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), не е политички мотивиран – тој има една единствена цел: да обезбеди неопходна помош за семејствата кои изгубија најмногу. Да понуди поддршка и олеснување во најтешките моменти.
„Ова не е прашање на партиски разлики – ова е прашање на совест, човечност, солидарност и грижа за сопствените граѓани,“ порача СДСМ во соопштение до јавноста. Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ требало да покаже политичка зрелост и чувство за одговорност, наместо да остане затворена во кругот на политички инает и калкулации.
СДСМ потсетува дека од првиот ден по трагедијата во Кочани дејствувале со сочувство, одговорност и безусловна поддршка за семејствата на настраданите. Наместо политички поени, приоритет била човечката болка.
„За Кочани мора да има правда, одговорност, но и силна поддршка и помош за оние на кои таа им е најпотребна,“ се додава во соопштението.
Партијата најави дека нема да се откаже од борбата за вистински вредности, и ќе продолжи да се залага за законски решенија кои обезбедуваат реална помош за граѓаните.
Со ваквата постапка, ВМРО-ДПМНЕ испраќа погрешна порака – дека политичките разлики се поважни од човечноста. Во време на трагедии, потребна е обединетост и одговорност, не блокади.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

