23 април 2025
• од Вардарски
Со остра реакција до јавноста, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) укажа на драматичната економска состојба во која, според нив, се наоѓаат граѓаните на земјава. Во своето соопштение, од партијата алармираат дека „трошоците за живот растат, додека платите стагнираат“, што води до сè поголем економски притисок врз македонските семејства.
„Ниту со 2,5 минимални плати денес граѓаните не може да ги покријат основните месечни потреби,“ стои во соопштението на СДСМ. Според податоците кои ги посочуваат, синдикалната минимална кошничка е зголемена за 836 денари, достигнувајќи рекордни 62.700 денари, износ кој, според партијата, е неопходен за едно четиричлено семејство да преживее месец.
СДСМ потенцира дека повеќе од една третина од овој износ се троши само на храна и пијалаци, што ја покажува тежината на животниот стандард. Тие остро ја обвинуваат актуелната Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, за економски неуспеси и игнорирање на реалните проблеми на граѓаните.
„Додека власта се луксузира со папаја, манго и аспарагус, граѓаните се доведени до точка на избор – дали да купат храна, да платат сметки или да се лекуваат. Ова не е само статистика, ова е сурова реалност,“ нагласуваат од СДСМ.
Партијата додава дека се работи за системско осиромашување на народот и дека ваквата состојба е директен резултат на, како што ја нарекуваат, „неспособноста и дебаклот на промашените економски политики“ на актуелната власт.
СДСМ најавува дека ќе продолжи да ја алармира јавноста и да се залага за политики што ќе донесат реално подобрување на животниот стандард на сите граѓани.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

