28 април 2025
• од Вардарски
СДСМ денеска најави дека ќе објави нов скандал, кој, како што велат, ќе биде поткрепен со видео докази, за наводно незаконско постапување на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и Министерството за внатрешни работи (МВР). Според најавите, Тошковски и МВР штителе роднини на партиски функционери од ВМРО-ДПМНЕ од законски постапки и санкции.
„Брат да ми е ќе одговара?“ – прашуваат од СДСМ, алудирајќи на наводна изјава на Тошковски, со која, како што тврдат, ја потврдува партиската заштита во институциите.
„Дали е ова точно што го кажува Панче Тошковски или уште една голема лага? Дали роднините на партиските функционери од ДПМНЕ прават што сакаат и никој не ги казнува?“ – прашуваат од СДСМ.
Партијата најави дека денеска во 11:30 часот, во нивното седиште, ќе одржат прес-конференција на која детално ќе го презентираат скандалот и ќе ги изнесат доказите.
Останува да се види какви ќе бидат реакциите по најавените обвинувања и дали МВР и министерот Тошковски ќе одговорат на истите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

