25 септември 2025
• од Вардарски
Со остри критики кон Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Христијан Мицкоски, СДСМ денеска реагираше на најновата јавна набавка за апетисани и луксузни производи, вредна 180.000 евра.
Според соопштението на СДСМ, во момент кога граѓаните се соочуваат со сè поголеми трошоци и пад на животниот стандард, власта вложува огромни суми за „бадеми, лешници, ф’стаци и индиски ореви“.
„Додека семејствата едвај преживуваат од плата до плата, додека цените растат, а стандардот тоне, Мицкоски и неговите министри трошат 180.000 евра за луксузна храна“, стои во реакцијата.
Социјалдемократите потсетуваат дека ова не е првпат јавните пари да се трошат на раскош. Тие наведуваат дека претходно Владата веќе издвоила милиони евра за набавки на егзотично овошје и скапо месо: манго, папаја и бејби биф.
„По милионите за манго и папаја, сега гледаме уште едно расфрлање на сметка на граѓаните,“ додаваат од партијата.
СДСМ нагласува дека додека работниците и пензионерите чекаат достојни примања, власта на ВМРО-ДПМНЕ ужива во луксуз. „Додека граѓаните се борат со сметки и кредити, Мицкоски и неговите министри се гоштеваат на нивна сметка“, се вели во реакцијата.
На крај, СДСМ порача дека буџетот е составен од пари на граѓаните и не смее да се претвора во „приватна каса на Мицкоски и неговата партиска елита“.
„СДСМ најостро го осудува ова расфрлање и потсетува дека Владата е должна да работи за интересите на народот, а не за личен луксуз,“ завршува соопштението.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

