16 март 2025
• од Вардарски
Министерството за внатрешни работи ги приведува сите кои на било каков начин се поврзани со организацијата на трагичниот настан во приватната дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде ноќеска изгореа 50 луѓе и според првичните податоци има барем 90 повредени, дознава „Слободен печат“.
Приведени се десетици лица, кои биле поврзани со организирањето на концертот на ДНК во оваа приватна дискотека. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски се во Кочани. Таму се и обвинители од Скопје кои ги ставија на располагање сите свои капацитети по оваа масовна трагедија.
Во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје се хоспитализирани 27 лица со тешни изгореници, 24 на Клиничкиот центар, 18 во „8 Септември“, од кои двајца во критична состојба.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

