07 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Патничкиот железнички сообраќај на релацијата Скопје – Битола и дел од линиите кон Велес привремено ќе биде укинат поради реконструкција на железничката пруга на делницата Скопје – Зелениково. Од „Железници на РСМ“ информираат дека работите ќе траат речиси шест месеци, започнувајќи од 11 декември 2025 година, а ќе завршат на 10 јуни 2026 година.
Во наведениот период целосно се укинуваат следниве патнички линии:
Од компанијата објаснуваат дека реконструкцијата на делницата Скопје – Зелениково е неопходна за подобрување на безбедноста и ефикасноста на железничкиот сообраќај. Заради изведбата на градежните работи, сообраќањето на дел од патничките возови е технички невозможно, па затоа привремено се суспендира.
Од „Железници“ посочуваат дека патниците навремено ќе бидат информирани за сите алтернативни решенија, додека на засегнатите релации се очекуваат привремени доцнења и изменети услови на патување. Граѓаните се повикуваат да ја следат службената веб-страница и објавите на компанијата за најнови информации.
СДСМ тврди: Владата на ВМРО-ДПМНЕ водела преговори за мигрантска соработка
Али Ахмети: Војната на УЧK беше праведна и поддржана од демократскиот свет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

