TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Секуловска: Албанецот кој нè однесе на Месечината и државата која не знае што ѝ се случува

27 април 2026

• од Темелко Тошев

Токму тогаш кога се колнеме во патриотизам, да го имаме ова на ум: во овој миг многу млади луѓе ги пакуваат куферите и не се вртат назад. Партиите задоволно им мавтаат додека авионот полетува, сигурни дека паразити има на секој чекор и дека ова Потемкиново село ќе трае вечно – изградено од кули од карти, лепено и прелепувано, како сигурен знак дека било урнатина уште од самиот почеток.

Пишува: Билјана Секуловска

Ако го напишете името Албион Реџепи на „Гугл“ на кирилица, нема да излезе ништо. Првата вест е за Тетово – дека за еден месец полицијата изрекла шест казни. Потоа следат вести за македонската и косовската фудбалска репрезентација, за некоја Албанка од Македонија која е џудистка, и така натаму. Ништо за Албион Реџепи.

Сега напишете го неговото име со латинично писмо. Излегуваат вести на англиски јазик. Албион Реџепи, Албанец од Македонија, бил дел од инженерскиот тим на мисијата на НАСА, Artemis II, која го враќа човекот на Месечината.

За Албион Реџепи првпат слушнав од мојот колега Назим Рашиди, кој со гордост ме праша: „Знаеш ли дека еден Албанец од Гостивар ни ја даде Месечината?“

Мислев дека се шегува; ние новинарите барем ги знаеме најважните вести први, а на крајот и ги паметиме. Особено ваква вест – човек од Македонија да пишува историја на човештвото. Рашиди беше горд на Албион Реџепи, исто колку што беше и разочаран. Затоа што не само што немаше прочитано ништо за гордоста што оваа држава ја има во Реџепи, туку не го ни видел неговото име во македонските медиуми. Ниту една буква за овој успех, ниту збор за значењето на освојувањето на Месечината – овој пат за да се заобиколи, следниот пат за да се насели.

Живот во паралелни светови

Не е дека не смееме да се информираме за нашите големи Албанци, не е дека се мразиме. Вистината е тажна – ние едноставно не знаеме што ни се случува во државата, затоа што сме поделени, затоа што живееме во мрак. Не го зборуваме албанскиот јазик, не можеме да ги читаме албанските медиуми, не комуницираме, не се познаваме, колку и да мислиме дека се почитуваме.

Претпоставувам дека делумно ова важи и за Албанците, за албанските новинари, не знам. Но, со еден исклучително голем „детал“ – тие го зборуваат македонскиот јазик, ги читаат македонските медиуми, светот им е појасен и токму поради тоа уште поцрн во оваа земја. Поцрн, бидејќи знаат многу повеќе од нас Македонците. Посветол, бидејќи имаат предност во тоа знаење.

Албион Реџепи за албанските медиуми во Македонија вели дека студирал тука и има порака: со образование, труд и работа, може да се постигне сè.

Партиската книшка како единствен „успех“

Сепак, да признаеме – и тие и ние, и ние и тие, сите сме длабоко закопани во партиски вработувања, партиски успеси и „подвизи“. Тоа е нашиот заеднички именител, каде партиската книшка ни го гарантира животот во оваа земја. Колку и да го замислуваме тој живот како удобен и лесен, тој е паразитски, бескорисен и неважен.

Тоа е оној момент кога не се појавуваме на државна работа, но сепак земаме плата и сме суверени во сопственото уривање. Затоа што, кога ги носиш сите во бездна, на крајот и тие те повлекуваат со себе.

Албион Реџепи ја има само својата лична книга; таму ги запишува своите победи, но и некои порази – сигурно ги има и нив, особено кога се живеат соништата. Но, тие порази се должат на други околности, не им се припишуваат на партиски победи.

Кога би ги прашале овие и сите претходни власти, сигурно ќе ви кажат дека сакаат оваа земја да ја градат луѓе како Албион Реџепи. Но, празните зборови ги голта семоќната партија, тогаш кога таа станува гаранција за победа, што всушност значи потпис за пораз.

Збогум на паметните

Животот така поминува за сите нас, освен за Албион Реџепи и за многуте умни луѓе кои се родиле во Македонија и веднаш посакале да побегнат од неа.

Токму тогаш кога се колнеме во патриотизам, ле го имаме ова на ум: дека во овој миг многу млади луѓе ги пакуваат куферите и не се вртат назад. Партиите задоволно им мавтаат додека авионот полетува, сигурни дека паразити има на секој чекор, дека ова Потемкиново село ќе трае вечно – изградено од кули од карти, лепено и прелепувано, како сигурен знак дека било урнатина уште од почетокот.

Збогум, Албион Реџепи, збогум на сите млади луѓе – не враќајте се, бидејќи нема иднина ниту за нас, а најмалку за вас. Никогаш за такви како вас.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
27 април 2026

Шмихал алармира: Русија досега 155 пати нападнала критични трафостаници за нуклеарна безбедност

СВЕТ
27 април 2026

Големиот скок: Бугарија е земјата со најбрз раст на богатството во Европа во последните 5 години

МАКЕДОНИЈА
27 април 2026

Измами со километражата на возилата во Македонија: Полицијата и Царината во „лов“ на манипулаторите

МАКЕДОНИЈА
27 април 2026

ССМ со силен проглас за 1 Мај: „За плата се бориме, не се молиме!“

МАКЕДОНИЈА
27 април 2026

Муцунски: Ми олесна што претседателот Трамп и присутните се безбедни, насилството нема место во демократијата

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
27 април 2026

Драма во Скопје: Мајка пријавила дека малолетниот син бил вратен со повреди по средба со таткото

ДРУГО
27 април 2026

Денес 27 април 2026 година се празнува: Свети Мартин Исповедник, папа Римски

МАКЕДОНИЈА
26 април 2026

Инспекторатот утврди пропусти: Градилиштето во Кисела Вода не било обезбедено, немањето заштита довело до трагедијата

МАКЕДОНИЈА
26 април 2026

Проф. Колозова: Не е спорно дека Гоце Двелчев се декларирал за Бугарин

МАКЕДОНИЈА
26 април 2026

Ужас во Гостивар: Вработен во основно училиште силувал 14-годишно девојче и ја уценувал со експлицитни снимки

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
26 април 2026

Петер Маѓар в среда во Брисел на итни разговори за одмрзнување милијарди евра од ЕУ

МАКЕДОНИЈА
26 април 2026

ДРАМА КАЈ БИТ ПАЗАР: Возрасна жена тешко повредена по нагло кочење на автобус на ЈСП

МАКЕДОНИЈА
26 април 2026

Филипче: Нема ризик во уставните измени, власта ги предаде интересите на граѓаните

СВЕТ
26 април 2026

Украина ја одбележува 40-годишнината од Чернобил: Зеленски ја обвини Русија за „нуклеарен тероризам“

МАКЕДОНИЈА
26 април 2026

ЈОШЕВСКИ АЛАРМИРА: Новиот закон за државјанства е параван за политичка елиминација на македонските Бугари

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
26 април 2026

ЕУ со силен интерес за Коридор 8: Николоски вели дека станува збор за еден од клучните безбедносни правци на НАТО

СВЕТ
26 април 2026

Специјалното обвинителство во Косово бара 25 години затвор за поранешна службеничка на ОБСЕ обвинета за шпионажа

СВЕТ
26 април 2026

Светските лидери едногласни по обидот за напад врз Трамп: Нема место за насилство во демократијата

МАКЕДОНИЈА
26 април 2026

Томас Вајц: Северна Македонија има шанса за членство во ЕУ во овој мандат, но без уставни измени нема преговори

МАКЕДОНИЈА
26 април 2026

СКАНДАЛ ПРЕД „Д ФЕСТИВАЛ“: Ќе се пее ли среде Штип дека Македонија е „Стара Србија“?

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
26 април 2026

Британски борбени авиони активирани по инцидент со руски дрон во Романија

МАКЕДОНИЈА
26 април 2026

Од каменување во зоолошка до ножеви во интернати: Стаменов бара итна реакција за насилството меѓу младите

СВЕТ
26 април 2026

ЕУ: Четири децении по Чернобил, нуклеарната безбедност во Украина мора да биде заштитена

СВЕТ
26 април 2026

Шекеринска во Брисел: Поддршката за Украина мора да биде предвидлива, координирана и долгорочна

МАКЕДОНИЈА
26 април 2026

ЛЕВИЦА АЛАРМИРА: Породилниот надоместок повторно доцни – мајките оставени без пари од неспособната власт!

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
26 април 2026

СДСМ: Маѓар ја пушти лавината, вистината за Мицкоски и ВМРО наскоро ќе ја видат и граѓаните на Македонија

СВЕТ
26 април 2026

Трамп: Да се биде претседател на САД е опасна професија, но тука сум да ја завршам работата

МАКЕДОНИЈА
26 април 2026

Мевлан Адеми најавува нови протести: Институциите молчат за правосудниот испит на албански јазик

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега