27 април 2026
• од Темелко Тошев
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати остар и решителен повик до сите работници во државата да се приклучат на овогодишниот масовен протест по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај. Под силното мото „За плата се бориме, не се молиме“, синдикалците излегуваат на улиците за да го кренат гласот против економската несигурност и за заштита на достоинството на работникот.
Од ССМ потсетуваат дека ова е веќе осма година по ред како организацијата го одбележува празникот на трудот со протестен марш, наместо со традиционални прослави. Според нив, ситуацијата со работничките права не дозволува пасивност.
„Работничката борба не е само еден протест, еден штрајк или една блокада. Тоа е континуирана борба на работниците и синдикатите за зачувување и унапредување на нашите права. Први мај е денот кога протестите се должност кон минатото и обврска кон иднината“, се вели во соопштението на Сојузот.
Главниот фокус на овогодишниот марш е висината на платите во услови на зголемени трошоци за живот. Пораката „не се молиме“ јасно става до знаење дека работниците своите барања ги сметаат за легитимно право, а не за социјална помош.
Што бараат работниците?
Синдикалните лидери порачуваат дека е време за обединетост и одлучност. Тие ги повикуваат не само своите членови, туку и сите граѓани кои се чувствуваат обесправени, да се приклучат на колоната која ќе тргне од пред Работничкиот дом.
„Време е да им порачаме на надлежните дека работникот е столбот на оваа држава и дека неговиот труд мора да биде вреднуван соодветно“, заклучуваат од ССМ.
Петер Маѓар в среда во Брисел на итни разговори за одмрзнување милијарди евра од ЕУ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

