22 април 2025
• од Вардарски
Претседателот на Алијансата за Албанците и дел од коалицијата Европски фронт, Зијадин Села, упати отворен повик до политичката платформа „Вреди“ да ја напушти Владата и да се приклучи кон иницијатива за обединување на албанскиот политички блок. Во гостување на емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Села ја истакна потребата од заедничко политичко делување и организирање предвремени парламентарни избори, заедно со претстојните локални избори.
„Да ја напуштат Владата и нека дојдат да се обединиме за да направиме доволен притисок. Да одиме и на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните“, порача Села, апелирајќи на заедничка стратегија за засилување на албанскиот политички глас во земјава.
Одговарајќи на прашањето зошто е неопходно обединување на албанските политички партии, Села истакна дека целта е формирање влада која нема да биде производ на интересите на различни политички кампови, туку израз на реалните приоритети на Албанците во Северна Македонија.
„Треба да постигнеме влада која нема да се соочи со политички субјекти што се избрани според желбата на овој или оној политички камп, туку ќе бидат таму за да реализираат 6, 7, 8 работи кои се во интерес на Албанците“, изјави тој.
Села додаде дека постојат веќе дефинирани приоритети во политичките програми на албанските партии, но во меѓувреме се појавиле и нови прашања кои бараат заеднички договор и нов начин на владеење.
Оваа изјава на Села доаѓа во пресрет на зголемените политички тензии и предизборната атмосфера во државата, укажувајќи на можност за нови политички прекројувања на албанската политичка сцена.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

