25 февруари 2025
• од Вардарски
Ахмет Селмани од Агенцијата за примена на јазикот во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија рече дека „албанскиот јазик е идентитетско прашање за Албанците“, додавајќи оти со отворањето на уставот би било добредојдено менување на терминот „јазик што го зборуваат 20 проценти од населението“.
Во својата вест телевизијата ја цитира изјавата, што ја даде Селмани во овој контекст: „Македонската страна гледа на отворањето на уставот како на отворање на Пандорината кутија, од која ќе излезат зла. Но сосема е спротивно: ако се отвори уставот за уставните измени, зошто да не се најде решение и за изразот ’20 проценти’? Македонската страна треба да сфати дека за Албанците албанскиот јазик не е политичко прашање, туку идентитетско прашање.“ – посочи Селмани
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

