28 март 2025
• од Вардарски
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен жител на скопската општина Петровец, осомничен за извршување кривично дело – Телесна повреда, казниво по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Според обвинителството, на 27 март годинава, осомничениот, при семејна расправија, физички го нападнал својот татко, удирајќи го со шлаканици по лицето. Насилството не завршило тука – агресијата ја насочил и кон неговата мајка, која ја турнал на подот, ја влечел за нозете низ просторијата и потоа ја однел во кујната, каде врз неа истурил шише вода.
Ова не е првпат истиот осомничен да се соочи со законот поради семејно насилство. Против него веќе се води постапка за продолжено семејно насилство и нанесување тешка телесна повреда на неговата сестра. Иако во тој предмет му беа изречени мерки на претпазливост, надлежните утврдиле дека тој не ги почитува.
Имајќи го предвид ризикот од повторување на делото, како и фактот дека осомничениот претставува сериозна опасност за своето семејство, јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор.
Истражните органи продолжуваат со прибирање на докази за целосно расчистување на случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

