24 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Семејството на трагично загинатата 22-годишна Теодора Ристовска остро реагира по одлуката на Апелациониот суд во Гостивар, кој ја потврди намалената казна од две години затвор за Менсур Пајазити, возачот кој ја усмрти младата девојка на пешачки премин во Тетово.
„Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Кога убиецот се движи слободно, целата нација е жртва“, стои во реакцијата на семејството, кое преку писмо до јавноста ја изрази својата длабока болка и револт.
Тие посочуваат дека ваквата одлука на судот создава недоверба кон системот и ја поттикнува омразата, наместо да испорача вистинска правда.
Несреќата се случи на 15 август 2022 година. Пајазити управувал со автомобил „БМВ“ со брзина од 59 километри на час и не ѝ дал предност на Теодора, која во тој момент преминувала на пешачки премин.
По првичното судење во ноември 2023 година, тој беше осуден на три години и шест месеци затвор. Но, по жалба, казната му беше намалена на само две години затвор.
Семејството најави дека нема да застане тука и ќе продолжи да ја бара правдата преку јавноста. Според нив, иако трагедијата на Теодора е вечна рана, правдата мора да биде видлива, опиплива и вистинска.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

