TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Шокантни бројки: Најниската плата во ЕУ е двојно повисока од македонската

17 декември 2025

• од Станча Јаќимовски

Просечната плата на македонскиот работник е далеку под европските стандарди, покажуваат најновите анализи, според кои дури и најниската просечна годишна плата во Европската Унија е речиси двојно повисока од онаа во Македонија. Дополнително загрижува фактот што дури 73,3% од вработените во земјава примаат плата пониска од просечната, што, според синдикатите, директно ги турка работниците кон сиромаштија.

Според анализата на „Еуроњуз“, Бугарија е земјата со најниска просечна годишна заработувачка во ЕУ, која изнесува 15.387 евра по вработен. Наспроти тоа, просечната плата во Македонија за септември 2025 година изнесува 45.466 денари месечно, што на годишно ниво е 545.592 денари, односно околу 8.944 евра – речиси двојно помалку од најнискиот европски просек.

Просечната годишна плата по вработен во Европската Унија изнесува 39.808 евра. Разликите меѓу земјите-членки се значителни: од 15.387 евра во Бугарија, до дури 82.969 евра во Луксембург. Освен Луксембург, уште пет земји имаат просечни плати над 50.000 евра годишно – Данска, Ирска, Белгија, Австрија и Германија. На дното од европската листа, покрај Бугарија, се и Грција и Унгарија, каде просечната годишна плата е под 20.000 евра.

Продуктивноста и економската структура како клучни фактори

Економистката Џулија Де Лацари од Меѓународната организација на трудот (МОТ) посочува дека главните причини за разликите во платите меѓу земјите се економската структура и нивото на продуктивност.

„Повисоката продуктивност им овозможува на земјите да одржат повисоки плати“, изјави Лацари за „Еуроњуз бизнис“. Таа нагласува дека земјите со поголем удел на сектори со висока додадена вредност, како финансии, информатички технологии и напредно производство, имаат значително повисоки примања од земјите каде доминираат сектори со пониска додадена вредност, како земјоделството, текстилната индустрија и основните услуги.

Дополнително, според неа, клучна улога имаат и синдикатите, колективното договарање и нивото на законски утврдената минимална плата.

Слабата синдикализација ја намалува моќта на работниците

Сличен став изнесе и д-р Агњешка Пјасна, виш истражувач во Европскиот институт за синдикати (ETUI), која укажува дека ниската синдикализација и повисоката невработеност ја поткопуваат пазарната моќ на работниците.

„Ова често се смета за објаснување за ниските удели на плати во многу земји од Централна и Источна Европа, кои имаат меѓу најниските стапки на синдикализација во ЕУ“, изјави Пјасна за „Еуроњуз бизнис“.

ССМ предупредува: Работниците се туркаат во сиромаштија

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, за Инфомакс изјави дека Македонија континуирано се наоѓа на дното според висината на платите, не само во Европа, туку и во регионот.

„ССМ во континуитет укажува дека платата во Македонија е најниска во регионот, согласно податоците на државните институции. Ако има дно, платите на македонските работници се под дното“, истакна Трендафилов.

Тој посочи дека податоците на ССМ се темелат на официјалните статистики од Државниот завод за статистика и УЈП, а анализата на „Еуроњуз“ дополнително ја потврдува алармантната состојба.

„Ако се знае дека најниската просечна годишна заработувачка во ЕУ е 15.387 евра, а македонскиот работник заработува во просек 8.944 евра годишно, тогаш разликата е огромна. Кога на тоа ќе се додаде фактот дека 73,3% од работниците земаат плата под просечната, јасно е дека некој свесно ги турка работниците во сиромаштија, особено со одбивањето да се зголеми минималната плата и останатите плати“, нагласи Трендафилов.

Тој предупреди дека доколку носителите на политики и работодавачите не ја согледаат реалната состојба, незадоволството кај работниците ќе продолжи да расте.

„Очигледно е дека е време да се симнат розовите наочари и да се погледне реалноста. Доколку тоа не се случи, во наредниот период работниците ќе им ја покажат“, порача претседателот на ССМ.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Жерновски до Мицкоски: Ако ветувавте враќање на името, зошто не го направите тоа сега?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Клиника за психијатрија: Над 40 проценти од граѓаните имаат проблеми со сонот

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Safe City“ штити лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Трендафилов: Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има општ штрајк

СВЕТ
07 март 2026

Атанас Атанасов предлага Бугарија да се приклучи кон францускиот „нуклеарен чадор“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Села, Азири и Даути ја поддржаа иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Возачи, внимание: Суспензијата на возачката дозвола започнува по вториот СМС

СВЕТ
07 март 2026

Високобрзински возови во Бугарија: Софија – Варна за 2 часа?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Нафтата се очекува да „експлодира“: Што ја очекува Северна Македонија?

ДРУГО
07 март 2026

Денес се одбележува наоѓањето на моштите на многубројните маченици во Евгенија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Реза Пахлави: Иранскиот режим ги напаѓа соседните земји

СВЕТ
06 март 2026

Поради кризата во Иран, ЕУ состаноците во Кипар ќе се одржат онлајн

СВЕТ
06 март 2026

Баку: Иран планирал напади врз четири цели во Азербејџан

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името на државата?

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Еди Рама до децата од Битола: Чувајте го албанскиот јазик каде и да живеете

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Ниту три минимални плати не се доволни за преживување во еден месец

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Без грижа: Државата уверува дека има доволно залихи на нафта

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Скопјанец пукал кон сопругата и се заканувал на ќерките – полицијата го приведе

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Вајц: Северна Македонија не може повторно да преговара за Бугарите во Уставот

СВЕТ
06 март 2026

Патниците повторно летаат од Дубаи по затворањето на небото

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Најмалку 20% од студентите по медицина ќе бидат обврзани да работат во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Бугарија реагира по новиот вандализам врз бугарскиот клуб “Иван Михајлов“ во Битола

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

СВЕТ
06 март 2026

Во голема евакуациска операција Бугарија веќе извлече стотици свои државјани од Блискиот Исток

СВЕТ
06 март 2026

Бугарија шеста по економски раст во Европската Унија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Доналд Џ. Трамп: Нема договор со Иран освен безусловна капитулација

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Трендафилов: На 14 март повторно на улица – протест за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Работниците едвај преживуваат, а власта им порачува да не одат на одмор

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега