27 март 2025
• од Гоце Кически
Истражните органи продолжуваат со активностите поврзани со трагичниот настан кој се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“, каде што загинаа 59 млади лица, а околу 200 беа повредени.
Во рамки на истрагата, полицијата изврши проверки во кафе-барот „Класик“, сопственост на Дејан Јованов, кој истовремено е сопственик и на објектот каде избувна кобниот пожар. Според информации од Министерството за внатрешни работи (МВР), извршен е претрес и на неговото возило „Инсигниа“, како и распит на членови од неговото семејство.
„Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лаптоп компјутери, мобилни уреди, документација и други предмети. Дополнително, одземени се предмети и од возилото, како и од угостителските објекти. Во канцеларијата на ДПИ Кочани одземени се еден десктоп компјутер, еден лаптоп и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј.“, соопштија од МВР.
Експертите за безбедност потенцираат дека одговорноста мора да се бара од самиот ден на избувнувањето на пожарот. Љубомир Ѓурќевски, поранешен началник на СВР Скопје, изјави дека е неопходно истрагата да биде целосно транспарентна и без селективен пристап. Ѓурќевски, кој сега е во пензија, истакна дека е време да се отворат и истрагите за останатите трагедии со голем број жртви во последните четири години.
Обвинителството за организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Кочани сомничат вкупно 34 лица и три компании за тешки дела против јавната безбедност. Од нив, 24 лица се наоѓаат во притвор.
Истражните органи продолжуваат со детална анализа на собраните докази, додека јавноста со нетрпение очекува правдата да биде задоволена за трагедијата која го потресе целиот регион.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

