19 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Убиецот на Росица од Велес не бил непознат за институциите. Според информациите што ги објави Хелсиншкиот комитет за Телма, Илија уште пред 12 години бил пријавуван во скопските полициски станици поради вознемирување на девојки. Од 2013 година наваму, најмалку четири жени поднеле пријави против него, тврдејќи дека по завршувањето на врската продолжил да ги следи, малтретира и омаловажува.
Една од девојките за „Слободен печат“ открива детали за тортурата што ја преживеала во периодот 2013–2014 година, додека била во врска со Илија. Таа раскажува дека тој постојано ѝ се заканувал, барајќи да се врати кај него, дури и со закани за самоубиство. Во една прилика ѝ го одзел мобилниот телефон и испраќал пораки во нејзино име, а ја заплашувал и со убиство на нејзината сестра.
„Јас тие закани по живот ги пријавив во полиција. Го исконтактираа од таму и ми го врати телефонот. Во тие неколку часа тој праќал мејлови со мое име за да ми го уништи професионалниот развој,“ изјавила жртвата.
Адвокатот Јанаки Митровски укажува дека случајот со Росица е само уште еден доказ за слабостите на системот. Тој издвојува три клучни проблеми кои директно доведуваат до фемициди:
Фемицидите во Македонија бележат растечки тренд. Иако официјални податоци не постојат, проценките се дека околу триесетина убиства од интимни партнери во последниве шест години се класифицираат како фемицид. Во изминатите три години јавноста ја потресоа случаи на убиства во Шуто Оризари, Штип и Кочани, каде жена беше убиена со повеќе од 40 убоди од нож од страна на поранешен партнер.
Случајот со Росица повторно ја отвора темата за заштитата на жените од семејно и интимно партнерско насилство. Правниците и граѓанските организации бараат институциите конечно да воведат ефикасни механизми за спречување на вакви трагедии, пред бројките да станат уште пострашни.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден