01 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
28-годишен жител на Штип, идентификуван како Ф.Ј., е пријавен од Секторот за внатрешни работи – Штип, под сомнение за извршување на кривичното дело „изнуда“.
Според информациите од полицијата, во периодот од октомври 2024 до 20 јуни 2025 година, осомничениот со постојани закани по живот успеал да изнуди вкупно 356.000 денари од едно лице. Парите биле барани во повеќе наврати, оставајќи го оштетениот во состојба на страв и притисок.
Овој случај повторно ја отвора темата за растечката несигурност во земјата. Кога граѓанин во текот на цела година може да биде изложен на уцени и закани без навремена заштита, се поставува прашањето: колку безбедни се навистина жителите на Македонија?
Иznудата не е изолиран инцидент – таа е симптом на поширока криза на правниот систем и довербата во институциите. Граѓаните се чувствуваат оставени сами на себе, а тоа води кон општество во кое стравот станува секојдневие.
Иако СВР Штип поднесе кривична пријава, јавноста останува со горчливо чувство – колку слични случаи сè уште не се откриени? Колку луѓе во тишина трпат уцени и закани?
Овој настан не е само полициска вест, туку силен аларм дека потребни се системски промени, поинаков пристап и решителност за да се заштитат граѓаните од криминалците кои ја злоупотребуваат слабоста на системот.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден