21 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Штип, некогашниот горд домаќин на Пастрмајлијадата, денес изгледа како заборавена дива депонија. Наместо мирис на традиционална пастрмајлија, низ улиците владее смрдеа од расфрлани пластични шишиња, остатоци од храна и разнесени ќеси.
Глетката што ја остави фестивалот е повеќе од срамна – тоа е апокалиптична слика на еден град кој тоне во сопственото ѓубре. Сцените од видеото објавено од „Шило магазин“ се како мрачно сведоштво за целосниот колапс на јавната хигиена.
Граѓаните, кои со денови плаќаат сметки кон општината и Комуналното претпријатие, денес гледаат како нивниот град се претвора во жив доказ за неработа и неодговорност.
Додека улиците се гушат во отпад, комуналците, според ироничните коментари на жителите, денеска „празнуваат“. Наместо веднаш да излезат на терен и да ја исчистат оваа еколошка катастрофа, тие дозволија сликата на Штип да биде понижена пред целата држава.
Ова не е само ѓубре, ова е срам. Срам што ќе остане во меморијата на сите посетители кои вчера беа дел од фестивалот. Срам што ќе го следи Штип со месеци. Наместо гордост, Пастрмајлијадата остави зад себе огорченост и чувство на безнадежност.
Додека другите градови се стремат кон развој и чистота, Штип се дави во сопственото ѓубре – и тоа пред очите на целата јавност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

