27 март 2025
• од Гоце Кически
На 26 март 2025 година, во 17:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги привеле двајцата млади лица, А.М. (24) и А.М. (23), од село Криволак, неготинско, поради обид за кражба. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, тие биле фатени во моментот на обид да извршат кражба во правен субјект во близина на село Пепелиште, во Неготинско.
Притоа, при претрес на осомничените, полициските службеници пронашле и одземале предмети кои ги користеле за извршување на делото. Лицата биле одведени во полициската станица во Неготино, каде што биле документирани настанот и делото.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

