TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Што прифати Мицкоски на самитот во Брисел: реафирмација на Преспанскиот договор и договорот со Бугарија

20 декември 2025

• од Станча Јаќимовски

Проширувањето на Европската Унија кон Западен Балкан ќе продолжи врз основа на индивидуалните заслуги на секоја земја и со целосно почитување на веќе преземените меѓународни обврски. Ова јасно е наведено во Бриселската декларација усвоена на самитот ЕУ–Западен Балкан, кој се одржа во Брисел на 17 декември, а на која присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

Во документот, кој е објавен и на македонски јазик, експлицитно се наведува дека земјите-кандидатки мора да ги спроведуваат обврзувачките меѓународни договори, вклучително и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Со прифаќањето на декларацијата, македонската Влада де факто ја реафирмира важноста и важечкото спроведување на овие договори како услов за напредок во евроинтегративниот процес.

Самитот ги собра лидерите на земјите од Западен Балкан, како и шефовите на држави и влади на земјите-членки на ЕУ, при што беше потврдено дека иднината на регионот е во рамките на Унијата. Единствен исклучок беше Србија, чиј претседател Александар Вучиќ најави еден ден претходно дека нема да учествува на состанокот.

Во декларацијата, проширувањето на ЕУ е опишано како стратешка инвестиција во долгорочен мир, безбедност, стабилност и просперитет. Сепак, се потенцира дека побрзиот напредок кон членство ќе зависи од спроведување кредибилни реформи, строга и фер условеност, како и проценка базирана исклучиво на опипливи и мерливи резултати.

Посебен акцент се става на регионалната соработка, помирувањето и добрососедските односи, кои се оценети како клучни предуслови за градење заедничка европска иднина. Во овој контекст, се нагласува потребата од натамошни одлучни напори за решавање на билатералните и регионалните спорови, вкоренети во наследството од минатото, во согласност со меѓународното право и утврдените принципи.

Документот, исто така, потсетува дека Европската Унија очекува земјите кандидати да ги забрзаат реформите во клучните области, како што се владеењето на правото, функционирањето на демократските институции, слободата на медиумите и заштитата на правата на малцинствата. Паралелно, се нагласува дека и самата Унија мора да продолжи со внатрешните подготовки за идното проширување.

Дополнително, се посочува дека постепената интеграција на Западен Балкан во ЕУ веќе започнала во одредени политики и програми. Овој процес е дефиниран како реверзибилен и базиран на заслуги, со цел да донесе конкретни придобивки за граѓаните уште пред полноправното членство, притоа зачувувајќи го интегритетот на единствениот европски пазар.

Лидерите на ЕУ, исто така, изразуваат очекување земјите од Западен Балкан целосно да се усогласат со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, вклучително и примената на рестриктивни мерки. Во декларацијата се повикува и на засилена борба против корупцијата, организираниот криминал и хибридните закани.

На крајот, беше соопштено дека следниот самит ЕУ–Западен Балкан ќе се одржи во Црна Гора во јуни 2026 година. Во самиот документ е наведено дека сите учесници на самитот се согласни со содржината на декларацијата, со што таа добива политичка тежина и обврзувачки карактер во контекст на европската перспектива на регионот.

Целиот текст на официјалниот документ објавен и на македонски можете да го прочитате тука.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Жерновски до Мицкоски: Ако ветувавте враќање на името, зошто не го направите тоа сега?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Клиника за психијатрија: Над 40 проценти од граѓаните имаат проблеми со сонот

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Safe City“ штити лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Трендафилов: Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има општ штрајк

СВЕТ
07 март 2026

Атанас Атанасов предлага Бугарија да се приклучи кон францускиот „нуклеарен чадор“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Села, Азири и Даути ја поддржаа иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Возачи, внимание: Суспензијата на возачката дозвола започнува по вториот СМС

СВЕТ
07 март 2026

Високобрзински возови во Бугарија: Софија – Варна за 2 часа?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Нафтата се очекува да „експлодира“: Што ја очекува Северна Македонија?

ДРУГО
07 март 2026

Денес се одбележува наоѓањето на моштите на многубројните маченици во Евгенија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Реза Пахлави: Иранскиот режим ги напаѓа соседните земји

СВЕТ
06 март 2026

Поради кризата во Иран, ЕУ состаноците во Кипар ќе се одржат онлајн

СВЕТ
06 март 2026

Баку: Иран планирал напади врз четири цели во Азербејџан

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името на државата?

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Еди Рама до децата од Битола: Чувајте го албанскиот јазик каде и да живеете

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Ниту три минимални плати не се доволни за преживување во еден месец

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Без грижа: Државата уверува дека има доволно залихи на нафта

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Скопјанец пукал кон сопругата и се заканувал на ќерките – полицијата го приведе

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Вајц: Северна Македонија не може повторно да преговара за Бугарите во Уставот

СВЕТ
06 март 2026

Патниците повторно летаат од Дубаи по затворањето на небото

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Најмалку 20% од студентите по медицина ќе бидат обврзани да работат во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Бугарија реагира по новиот вандализам врз бугарскиот клуб “Иван Михајлов“ во Битола

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

СВЕТ
06 март 2026

Во голема евакуациска операција Бугарија веќе извлече стотици свои државјани од Блискиот Исток

СВЕТ
06 март 2026

Бугарија шеста по економски раст во Европската Унија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Доналд Џ. Трамп: Нема договор со Иран освен безусловна капитулација

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Трендафилов: На 14 март повторно на улица – протест за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Работниците едвај преживуваат, а власта им порачува да не одат на одмор

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега