23 мај 2025
• од Вардарски
Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, при што изрази поддршка за напорите за ставање крај на војната во Украина, информираат од нејзиниот Кабинет.
Разговорот, како што се наведува, бил краток, но исполнет со важни пораки и меѓусебна благодарност. Сиљановска-Давкова ја потврдила определбата на Република Северна Македонија за мирно решавање на конфликтот и поддршка на сите дипломатски иницијативи кои водат кон праведен и одржлив мир.
Претседателот Зеленски, пак, ја информирал македонската колешка за тековните дипломатски активности насочени кон постигнување на договор кој ќе обезбеди траен мир и безбедност за украинските граѓани. Тој, исто така, се заблагодарил за континуираната поддршка од страна на Северна Македонија во различни форми, како и за јасната политичка позиција што ја зазема земјата во однос на украинската криза.
Во рамките на разговорот, Зеленски најавил и одржување на Самит „Украина – Југоисточна Европа“, на кој се очекува учество на лидерите на земјите од регионот, како дел од пошироките дипломатски напори за зајакнување на регионалната соработка и солидарност во поддршка на Украина.
Овој телефонски контакт претставува потврда на пријателските односи помеѓу двете земји и заложбите за мир и стабилност во Европа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

