11 април 2025
• од Вардарски
Независниот синдикат на полицијата жестоко реагира на изјавите на директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов, дадени на прес-конференција поврзана со последните случувања во Казнено-поправниот дом Штип.
„Наместо објективно информирање, директорот прави театар за јавноста. Наместо да ја презентира реалната состојба, неговата изјава има за цел да ги омаловажи и дискредитира полициските службеници“, наведуваат од Синдикатот.
Оттаму нагласуваат дека вакви настапи во јавноста се непрофесионални и штетни, особено кога истрагите сè уште се во тек. Синдикатот укажува дека изнесените ставови на директорот не одговараат со она што е евидентирано во дневните извештаи и преземените мерки.
„Секој настан заслужува внимателна и темелна истрага, без прерана осуда. Јавноста има право на вистина, но функционерите имаат должност да постапуваат одговорно“, порачуваат од Синдикатот.
Од нив се бара сите функционери, вклучително и Пандов, да се воздржат од јавни коментари и квалификации сè додека постапките не бидат целосно завршени. Само така, велат, може да се зачува достоинството и интегритетот на службата.
Дополнително, денеска и вработените во штипскиот затвор го демантираа директорот во врска со случајот со дрогата, укажувајќи дека неговите изјави не ја отсликуваат реалната состојба на терен.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

