26 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за внатрешни работи (МВР) најави поднесување кривична пријава против Н.Т. (27) од Пробиштип, кој бил фатен додека управувал возило со прекумерна брзина.
На 25 септември 2025 година, околу 18 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Штип го запреле возачот на експресниот пат Кочани – Штип. Контролата со радар утврдила дека патничкото возило „Ауди“ со пробиштипски регистарски таблички се движело со 185 километри на час на делница каде што дозволената брзина е 110 километри на час – односно 75 km/h над дозволеното.
Н.Т. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „Безобѕирно управување со моторно возило“.
Според информациите на порталот Инфомакс, задржаниот возач е син на Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоневски е исто така директор на „Булмак“, компанија концесионер на рудниците Тораница и Злетово.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

