TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Скандал во гинекологијата: Сомнителна смрт на новороденче и прикривање на случајот од семејството

16 декември 2025

• од Станча Јаќимовски

Новороденче кое имало реални шанси за живот починало на 1 октомври годинава на Одделот за интензивна нега при Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје. На семејството, смртта им била претставена како неизбежна, но интерни документи до кои имал пристап весникот „Слободен печат“ укажуваат на сериозни сомнежи за несоодветен медицински третман кој довел до фатален исход.

Според документацијата, раководителката на Одделот за интензивна нега, прим. д-р, супспецијалист Елизабета Петковска, поднела официјална пријава против педијатерката д-р Емилија Бадева, наведувајќи дека „несоодветен третман од нејзина страна предизвикал компликации од кои починало новороденчето“.

Непријавување на случајот до надлежните институции

По добивањето на пријавата, директорката на Клиниката, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, ја отстранила д-р Бадева од дежурства во интензивната нега и ја прераспределила на оддел каде не се вршат реинтубации, по нејзино лично барање. И покрај сериозноста на наводите, во период од два месеца директорката не го пријавила случајот ниту до Министерството за здравство, ниту до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ниту до Јавното обвинителство.

Семејството не било информирано

Редакцијата на „Слободен печат“ пред објавувањето на сторијата имала, како што наведуваат, етичка обврска да го информира семејството на починатото бебе за постоењето на интерна кореспонденција и сомнежи за пропусти во третманот – информации кои воопшто не им биле соопштени при отпуштањето на мајката од болница.

„По смртта на нашиот син, една специјализантка ни кажа да не го оставаме случајот, бидејќи нешто не било во ред со третманот на ГАК“, изјавил таткото на бебето.

Реинтубација која траела 20 минути

Иако меѓународни протоколи предвидуваат дека реинтубација кај предвремено родено бебе треба да се изврши во рок од 30 секунди, во конкретниот случај, според пријавата на раководителката на одделот, постапката траела дури 20 минути.

Во тој период, според официјалниот допис од прим. д-р Петковска, дошло до оштетување на ларинксот, појава на поткожна емфизема во пределот на вратот и масивен десностран пневмоторакс. И покрај поставувањето на торакален дрен и дополнителна медикаментозна терапија, состојбата на бебето се влошила и завршила со смрт.

Несоодветна документација и сведоштва

Во потврдата издадена на родителите и во барањето за обдукција биле наведени неточни податоци за здравствената состојба на бебето. Бил споменат „спонтан пневмоторакс“, без да се евидентираат обидите за долготрајна и неуспешна реинтубација како директна причина за компликациите и смртта.

Две специјализантки, присутни за време на интервенцијата, дале писмени изјави во кои потврдуваат дека имало повеќекратни, неуспешни обиди за реинтубација во траење од околу 20 минути и дека лекарот не ги прифатил нивните сугестии постапката да се прекине.

Податоци за бебето и наодите на Комисијата за квалитет

Станувало збор за новороденче со тежина од 2.630 грама, родено во 36-та гестациска недела со царски рез. Бебето било примено во интензивна нега поради респираторен дистрес, при што биле исклучени срцеви мани и патолошки срцеви ритми.

Случајот бил разгледуван од Внатрешната комисија за квалитет на Клиниката, која одржала две седници. На седницата од 28 октомври 2025 година било нотирано дека дел од вработените изјавиле оти д-р Бадева често доаѓала на работа со мирис на алкохол, поради што било препорачано нејзино прераспределување и зголемен надзор. Сепак, поради законски ограничувања, тестирање за алкохол не било можно.

Комисијата исто така утврдила дека во документацијата доставена до родителите биле внесени неточни податоци и дека бил прикриен фактот за продолжената реинтубација.

Негирање на обвиненијата и неизвесна обдукција

Д-р Бадева ги негира обвиненијата за консумација на алкохол, нарекувајќи ги клевета и мобинг. Таа тврди дека бебето било во тешка состојба и дека не направила пропусти, додавајќи дека реинтубацијата траела пократко од 20 минути и дека била „блиску до успех“.

Обдукцијата на новороденчето, два месеца по смртта, сè уште не е завршена, што, според објаснувањата, е вообичаено поради недостиг на патолози.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство за „Слободен печат“ изјавиле дека категорично ги отфрлаат наводите, нагласувајќи дека Комисијата за квалитет не утврдила неправилности во третманот и дека годинава е забележано намалување на смртноста кај новороденчињата, при што официјалните податоци ги објавува Државниот завод за статистика.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Жерновски до Мицкоски: Ако ветувавте враќање на името, зошто не го направите тоа сега?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Клиника за психијатрија: Над 40 проценти од граѓаните имаат проблеми со сонот

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Safe City“ штити лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Трендафилов: Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има општ штрајк

СВЕТ
07 март 2026

Атанас Атанасов предлага Бугарија да се приклучи кон францускиот „нуклеарен чадор“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Села, Азири и Даути ја поддржаа иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Возачи, внимание: Суспензијата на возачката дозвола започнува по вториот СМС

СВЕТ
07 март 2026

Високобрзински возови во Бугарија: Софија – Варна за 2 часа?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Нафтата се очекува да „експлодира“: Што ја очекува Северна Македонија?

ДРУГО
07 март 2026

Денес се одбележува наоѓањето на моштите на многубројните маченици во Евгенија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Реза Пахлави: Иранскиот режим ги напаѓа соседните земји

СВЕТ
06 март 2026

Поради кризата во Иран, ЕУ состаноците во Кипар ќе се одржат онлајн

СВЕТ
06 март 2026

Баку: Иран планирал напади врз четири цели во Азербејџан

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името на државата?

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Еди Рама до децата од Битола: Чувајте го албанскиот јазик каде и да живеете

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Ниту три минимални плати не се доволни за преживување во еден месец

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Без грижа: Државата уверува дека има доволно залихи на нафта

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Скопјанец пукал кон сопругата и се заканувал на ќерките – полицијата го приведе

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Вајц: Северна Македонија не може повторно да преговара за Бугарите во Уставот

СВЕТ
06 март 2026

Патниците повторно летаат од Дубаи по затворањето на небото

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Најмалку 20% од студентите по медицина ќе бидат обврзани да работат во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Бугарија реагира по новиот вандализам врз бугарскиот клуб “Иван Михајлов“ во Битола

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

СВЕТ
06 март 2026

Во голема евакуациска операција Бугарија веќе извлече стотици свои државјани од Блискиот Исток

СВЕТ
06 март 2026

Бугарија шеста по економски раст во Европската Унија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Доналд Џ. Трамп: Нема договор со Иран освен безусловна капитулација

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Трендафилов: На 14 март повторно на улица – протест за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Работниците едвај преживуваат, а власта им порачува да не одат на одмор

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега