09 април 2025
• од Вардарски
На последната седница на Советот на Општина Битола, советникот Иван Чулаковски од движењето „Поинаку“ остро реагираше на трошењето на јавни средства, посочувајќи неколку спорни буџетски ставки, меѓу кои и огромна сума потрошена за храна и услуги поврзани со кучиња скитници.
„Шо кучиња раневте за 60.000 евра, директоре?“, праша Чулаковски од говорницата, додавајќи дека за три милиони и петстотини илјади денари (околу 60.000 евра) е набавена храна за кучиња. Тој саркастично коментираше: „Да не купувате како владата – спарагус, папаја, манго? Шо кучиња се тие?“
Според него, ваквите трошења не се оправдани, особено ако се земе предвид дека наместо да се решава проблемот со бездомните кучиња преку нивно згрижување, се вложуваат огромни средства во храна и услуги за „заловување и стручен третман“.
„Ист ден – 60.000 евра за храна, и 60.000 евра за услуги за заловување. Направивме прифатилиште, а пак плаќаме приватна фирма да ги собира кучињата. Ова не ми е јасно“, изјави тој видно револтиран.
Советникот понатаму ги наброја и други ставки кои, според него, го заслужуваат вниманието на јавноста:
„Ова се само работи што ги видов во 15 минути“, заклучи Чулаковски, повикувајќи на транспарентност и одговорност при трошењето на народните пари.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

