13 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Денеска на плоштадот „Скендербег“ во Скопје се одржа протест организиран во знак на поддршка за поранешните водачи на УЧК, на кои им се суди за воени злосторства пред Специјализираните совети во Хаг.
Иако протестот беше најавен како собир за изразување политичка и морална поддршка, настанот беше обележан и со скандалозни инциденти. Во еден момент, додека траеше протестот, од дел од присутните се слушна скандирање со навредлива и говор на омраза содржина – „Срби, Срби п*чка ви матер“, извикувано на албански јазик.
Овие извици предизвикаа негативни реакции во јавноста, со оглед на тоа што содржат етнички навреди и дополнително ги продлабочуваат меѓуетничките тензии во регионот.
На протестот беше најавено и присуство на ветерани на УЧК од Косово, како и граѓани пристигнати од Косово и Албанија. Засега нема официјална реакција од надлежните институции во врска со навредливото скандирање и евентуалните мерки што би можеле да следат.
Настанот повторно го отвори прашањето за границата помеѓу правото на протест и одговорноста за јавно искажан говор, особено кога истиот содржи пораки што можат да поттикнат омраза и нетолеранција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

