19 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
На патот Прилеп-Крушево, во близина на местото викано „Стопанство“, полицијата привела 20-годишен скопјанец кој управувал товарно возило со тројно повисока брзина од дозволената.
Инцидентот се случил на 18 јуни 2025 година, околу 10 часот, кога полициски службеници од ОВР Крушево, при спроведување сообраќајна контрола, го забележале возилото марка „Дација“ со скопски регистарски ознаки како се движи со брзина од 121 километар на час, иако на тој дел од патот максимално дозволената брзина е 50 км/ч.
Возачот, идентификуван како С.А. (20) од Скопје, веднаш бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за „Безобѕирно управување со моторно возило“.
Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат сообраќајната регулатива и да не ги загрозуваат животите на останатите учесници со опасно и неодговорно возење.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

