14 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 53-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело „Насилство врз дете“ согласно член 201-а од Кривичниот законик, по брутален напад што се случил на 11 ноември.
Според информациите на обвинителството, инцидентот се случил на булеварот „Крсте Мисирков“. Додека 12-годишното дете се движело со велосипед, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без никаков повод започнал агресивно физички напад. Го удирал со тупаници и клоци по лицето и телото, при што детето се обидувало да се заштити.
Во еден момент, мажот извадил нож и замавнал кон детето, а потоа со дршката од ножот го удрил по главата. Малолетникот успеал да се извлече и да побара помош од случајни минувачи.
Напаѓачот не застанал тука – го земал велосипедот на детето, ги исекол двете гуми и го фрлил кон коловозот со намера да предизвика оштетување на возилата што поминувале по булеварот. Потоа побегнал од местото возејќи го електричниот мотор.
Повреденото дете било итно пренесено во Ургентниот центар, каде му била укажана медицинска помош.
Од ОЈО информираат дека јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор за осомничениот, поради околности кои укажуваат на опасност од бегство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

