23 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство отвори постапка против 40-годишен скопјанец кој физички ја нападнал својата мајка во семејниот дом, барајќи од неа пари. Осомничениот се товари за кривично дело „телесна повреда“, казниво согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Настанот се случил на 21 септември, во дворот на куќата на улицата „Славејко Арсов“. Според обвинителството, осомничениот прво на висок тон барал пари од своите родители. Вознемирен од ваквото однесување, таткото го напуштил дворот, но синот продолжил да ѝ се обраќа на мајка си со груби и навредливи зборови.
Во еден момент, тој физички ја нападнал мајката, влечејќи ја за рацете, а потоа ја турнал на земја и почнал да ја дави за вратот.
Исплашена за својот живот, оштетената со напор успеала да се тргне на страна. Но, осомничениот продолжил со агресивно однесување, уништувајќи саксии со цвеќе и други предмети во дворот. Како резултат на нападот, мајката добила телесни повреди.
Обвинителството укажа на опасноста од бегство и потребата за заштита на оштетената, со оглед дека осомничениот живее во иста заедница со својата мајка. Поради тоа, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

