09 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице од Скопје, осомничено за кривично дело телесна повреда врз неговата поранешна партнерка.
Според информациите од обвинителството, инцидентот се случил на 4 јануари, кога осомничениот, при испад на љубомора, најпрво вербално ја навредувал жртвата, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја повеќепати по главата и телото. По нападот, тој насилно ја исфрлил од својот автомобил, туркајќи ја на бетонот меѓу столбчињата поставени на коловозната лента.
Настанот бил пријавен во полиција од случаен минувач, по што повредената жена била пренесена во болница, каде ѝ била укажана лекарска помош.
Обвинителството предложило судијата на претходна постапка да му изрече на осомничениот мерка на претпазливост – забрана за приближување и остварување каков било контакт со оштетената за време на траењето на постапката.
Против осомничениот се води постапка за кривично дело телесна повреда, согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
14,4 милиони денари за патување: Пратениците се возат на грбот на граѓаните
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

