21 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Јавното обвинителство денеска соопшти дека против едно лице од Скопје е поведена истрага за продолжено кривично дело – изнуда, откако било утврдено дека во периодот од 15 до 28 јули 2025 година изнудил над 1.500.000 денари од едно оштетено лице.
Осомничениот, со цел да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати го контактирал оштетеното лице преку различни телефонски броеви. Претставувајќи се како министерот за внатрешни работи и како тројца јавни обвинители, тој испраќал пораки и изнесувал лажни закани дека против оштетениот ќе биде поведена судска постапка, доколку не ги исплати побараните пари.
Под притисок од овие сериозни закани, оштетеното лице на четири различни локации низ Скопје му ги предало паричните средства.
Основното јавно обвинителство Скопје по пријава на Министерството за внатрешни работи прибрало докази кои укажуваат дека станува збор за изнуда. „Од преземените дејствија произлегува дека осомничениот со сериозна закана го присилил оштетениот да стори нешто на штета на својот имот“, наведуваат од обвинителството.
За ова кривично дело, според Кривичниот законик, е предвидена затворска казна од најмалку една година, а може да биде изречен и законскиот максимум.
Јавниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за осомничениот, со цел да се обезбеди непречено водење на постапката и спречување на нови кривични дела.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

